Во рамките на проектот “Ублажување на климатските промени преку подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор“ во септември 2011 се организираше студиска посета во Република Чешка.
Целта на посетата е зајакнување на капацитетите на институции од владиниот, образовниот, приватниот и финансискиот сектор од нашата земја во однос на најнови технологии, најдобри практики и финансиски достапни модалитети за успешна имплементација на мерки за енергетска ефикасност во јавни објекти, што ќе придонесе за забрзување на спроведувањето и примената Директивата на Европскиот Парламент за енергетски карактеристики на згради како и Националниот акционен план за енергетска ефикасност.
Студиската посета им обезбеди на 12 претставници од: Министерство за животна средина, Министерство за економија, Министерство за финансии, Машински факултет, Електротехнички факултет, Архитектонски факултет, Градежен факултет, Комора на градежни инженери и архитекти, Асоцијација на архитекти, Комора на мали бизниси, Стопанска комора увид во законски, регулаторни, административни, технички и комерцијални аспекти на објекти од јавен карактер реновирани со мерки за енергетска ефикасност во Прага, Брно, Литомерице и Злин.

English