На 12 Декември 2011год. во канцеларијата на Глобалниот Еколошки Фонд во Скопје, преку програмата за мали грантови на УНДП, нашето здружение потпиша нов договор за грант во висина од 36.262 долари. Проектот под наслов „Енергетски ефикасна општина - успешна општина“ ќе се имплементира во периодот февруари 2012 - март 2013 година на подрачјето на Општина Крива Паланка. Главна цел на проектот е намалување на потрошувачката на фосилни горива, а со тоа и намалување на загадувањето на животната средина.
Секундарни цели се: намалување на трошоците на општината за осветлување на јавните површини, промовирање и употреба на енергетски ефикасни светилки и нивна употреба во институциите и домовите и примена на мерките и техниките за енергетска ефикасност. Инаку ова е втор проект на нашето здружение во сверата енергетската ефикасност, кој се надоврзува на поектот „Енергетските ресурси - виза за зелена иднина“ кој беше финасиран од Светска Банка во периодот на јуни 2011 - март 2013 година.

English