ExCITE е софтвер кој овозможува постојано следење на потрошувачката на енергија во сите јавни објекти. Неговата сеопфатна база на климатолошки податоци и инвентарот на јавни објекти, го олеснува пресметувањето на потрошувачката на енергија, на трошоците за енергија и на енергетските карактеристики на објектите.
ExCITE е важна и корисна алатка и за централната и за локалната власт, со која подобро и поефикасно може да се поддржи спроведувањето на Законот за енергетика, и тоа преку:
- Поддршка за подготовка на 3-годишни локални програми за енергетска ефикасност (основни пресметки);
- Поддшка за изготвување на годишни анализи за потрошувачката на енергетика;
- Поддшка за организирање на систем за следење на потрошувачката на енергетика;
Софтверот е бесплатен и ќе им овозможи на националните институции за прв пат да изготвуваат статистика за потрошувачката на енергија во јавните објекти во стандардизиран формат. Оваа статистика претставува значајна основа за изработката на идните национални и локални програми за енергетска ефикасност на јавните објекти.