Можности за финансирање/кредити

Македонска Банка за поддршка на развојот - Кредити за одржливи извори на енергија (обезбедува поповолни заеми за приватниот сектор за проекти за обновлива енергија и енергетска ефикасност. Една третина од заемот ќе биде обезбеден од страна на ГЕФ Проектот за одржлива енергија, поради што заемот ќе биде поповолен, додека останатите две третини од заемот ќе бидат обезбедени од страна на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) и една од нејзините шест партнерски комерцијални банки:Комерцијална банка, Тутунска банка, УНИ Банка, ИК Банка, Охридска банка, Про-Кредит Банка) повеќе

________________________________________________________________________________________________________

Извозна и Кредитна Банка

ЕКО кредит: финансирање на проекти за подобрување на животните услови преку промена на топлинска изолација, врати и прозори, нови системи за греење т.е. замена на стари бојлери, соларно-термички системи за топла вода, спроведување на топлина преку нови електрични пумпи на системи за греење, внатрешен и надворешен систем за осветлување, поставување на соларни панели, како и конверзија на природен гас и други обновливите извори за користење на енергија повеќе

ЕКО ПЛУС кредит: Финансирање на проекти во доменот на енергетската ефикасност и користењето на обновливи извори на енергија и намалување на испуштањето на јаглероден диоксид.повеќе

________________________________________________________________________________________________________

Глобален Еколошки Фонд (ГЕФ) -Програма за Мали Грантови (ПМГ)

Програмата за мали грантовина Глобалниот Еколошки Фонд подржува активности на НВО и Граѓански здруженија за развивање на земјата преку проекти од областите од интерес на ГЕФ, односно:

  • зачувување на биолошката разновидност,
  • заштита на меѓународните води,
  • намалување на гасовите кои предизвикуваат климатски промени,
  • спречување на деградација на земјиштето (примарно обезшумувањето и опустинувањето) и
  • отстранување на неразградливите органски загадувачи (ПОПс) преку локални пристапи.

повеќе...

________________________________________________________________________________________________________

Кредити од Програмата за финансирање на одржлива енергија за Западен Балкан –WeBSEFF овозможена преку ЕБОР и ЕУ/ Фонд за Западен Балкан

WeBSEFF е кредитна линија што ја овозможува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската комисија (ЕК) за да се обезбедат кредити до 2 милиони евра за фирми во Западен Балкан со значителен потенцијал за заштеда на енергија или потенција за искористување на обновливи извори на енергија.  Кредитите би требало да им помогнат на стопанствениците да ги намалат трошоци за енергија и да ја зголемат својата конкурентност. Кредитите се достапни преку домашните партнерски банки – Охридска банка – Societe Generale Group и ИК Банка во Македонија.  повеќе...

________________________________________________________________________________________________________