Партнери на проектот

Програма за развој на Обединетите Нации (UNDP)

UNDP претставува дел од глобалната развојна мрежа на ОН, која се залага за промени и поврзување на земјите со знаења, искуство и ресурси, со цел да им се помогне на луѓето да изградат подобар живот. Во нашата држава е присутна од 1998 и делува во четири клучни области: децентрализација и добро управување, економски развој, превенција на кризи и животна средина.

 

 


 Министерство за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање е назначена институција за контакт од Конвенцијата на ОН за климатските промени и за Протоколот од Кјото и на тој начин е една од главните засегнати страни на Проектот „Ублажување на климатските промени преку подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор“.

.

 

 


 

Австриска Развојна Кооперација (Донатор)

Австриската развојна кооперација поддржува земји во Африка, Азија и Централна Америка како и во Југоисточна Европа во нивниот оддржлив социјален, економски и демократски развој. Федералното министерство за европски и меѓународни прашања ги планира стратегиите и програмите а Австриската развојна агенција ги имплементира истите заедно со јавни институции, невладини организации и разни претпријатија.

 

 


Министерство за економија

Како владина институција одговорна за изработка и спроведување на политиките за енергетика и на законите, Министерството за економија е едно од главните засегнати страни на Проектот „Ублажување на климатските промени преку подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор“.

 

 

 


Агенција за енергетика на Република Македонија

Агенцијата за енергетика е директниот корисник на Проектот „ПРОЕКТ ЗА СОЗДАВАЊЕ СРЕДИНА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ  ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА". Една од целите на Проектот е градењето и зајакнувањето на капацитетите на релевантните институции, главно на Агенцијата за енергетика на РМ за имплементација на регулативите кои се однесуваат на енергетска ефикасност. Мисијата на Агенцијата за енергетика на РМ  (АЕРМ)е да се поддржи спроведувањето на политиката за енергетика на Владата на РМ, преку изготвување на стратегија за енергетика, изработка на планови и програми, со особен нагласок на енергетската ефикасност (ЕЕ) и употреба на обновливи извори на енергија.


Здружение на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС)

Според Законот за локална самоуправа, одговорностите на централната власт се пренесуваат на општините во однос на клучните аспекти поврзани со следењето, инспекцијата и спроведувањето на законите во рамките на нивните надлежности. Здружението на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) е формирано со генерална мисија да ги унапредува принципите на локална управа преку следните активности: промоција и охрабрување на соработката и размената на информации помеѓу своите членови; да служи како лоби група и да делува како советодавно тело за централната власт за прашања во врска со локалната управа; воспоставување на односи со национални и меѓународни асоцијации на локални управи и сл.


Австриска Агенција за Енергетика (ААЕ)

Австриската агенција за енергетика (ААЕ) е институција која ја имплементира Програмата за енергетска ефикасност. Таа ќе организира и спроведе серија на студиски посети за вработените од Агенцијата за енергетика на Република Македонија - АЕРМ  (и евентуално за другите вклучени партнери на Проектот) до места и институции кои работат на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Учесниците ќе добијат поширок увид во активностите на Австриската агенција за енергетика, нејзините одговорности, правниот статус и вклученоста во изработката на мерки кои треба да доведат до рационално користење на енергијата во Австрија. 

 


Австриска Развојна Агенција

Австриската развојна агенција е оперативна единица на Австриската развојна кооперација. Таа е одговорна за спроведување на сите билатерални програми и проекти во партнерските земји на Австриската развојна кооперација и го управува буџетот одреден за ова. Друг фокус на работата на Австриската развојна агенција е образованието и информациите во Австрија со цел да се пренесе прашањето на развојната соработка до пошироката публика..