ГЕФ ПРОЕКТ ЗА ОДРЖЛИВА ЕНЕРГИЈА - имплементиран од Светска Банка
ГЕФ Проектот за одржлива енергија претставува грант во износ од 5.5 милиони американски долари доделен на Република Македонија од страна на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) преку Меѓународната банка за реконструкција и развој (т.е. Светската банка), во својство на агенција за спроведување на ГЕФ. Главната развојна цел на Проектот се состои во развивање на одржлив пазар за услуги од областа на енергетската ефикасност (ЕЕ) и обновливите извори на енергија (ОЕ) поддржувајќи го развојот на соодветно опкружување, институционален капацитет и непходни механизми за финансирање.
Проектот се спроведува од страна на Министерството за економија преку посебна Единица за спроведување на проектот, основана исклучиво за таа намена. Дел од Проектните активности се спроведуваат и преку Македонската банка за поддршка на развојот.
Проектот става посебен акцент на енергетската ефикасност на јавните згради, бидејќи:
- - инвестирајќи во ЕЕ на јавните згради, Владата на Република Македонија дава добар пример за инвестиции во мерки коишто истовремено резултираат со значителни заштеди на енергија, заштедина финансиски средства, како и промоција на заштитата на животната средина, и
- - инвестирајќи во ЕЕ на јавните згради, Владата на Република Македонија придонесува за создавање на пазар за вршење на услуги од областа на енергетската ефикасност.
Проектот е структуриран во следниве три компоненти:
- Компонента 1: Институционална поддршка, техничка помош и поддршка за управување со проектот
- Компонента2: Финансиска поддршка за ЕЕ во јавни згради
- Компонента3: Фонд за финансирање на одржлива енергија– Кредитна линија за обновлива енергија/ енергетска ефикасност.
Лица за контакт:
Трајче Андреевски, Раководител на Единицата за спроведување на Проектот
Мобилен: + 389 78 226 987
Канцеларија: + 389 2 30 93 530
E-mail: trajce@msn.com
Здравко Стефановски, Технички експерт за енергетска ефикасност
E-mail: ida_dace@t-home.mk
Мобилен: + 389 78 426 987
Канцеларија: + 389 2 30 93 530

English