ПРЕДИЗВИК
Намалувањето на количините на енергија кои се трошат во светот е првиот и најдобриот чекор во борбата против глобалното затоплување. Елиминирањето на оваа загуба исто така ќе обезбеди финансиски ресурси за оддржлив раст на силни економии во светот. Покрај ова, придобивките од енергетската ефикасност се универзални – подеднакво значајни и за големи и за мали земји. Постигнувањето на меѓународен договор за иницирање на можности за енергетска ефикасност е значаен чекор во насока на понатамошно намалување на емисиите.
Подобрувањето на енергетската ефикасност е од основна важност со цел да се зачуваат ограничените ресурси и да се намалат климатските промени. Особено ефективен инструмент за постигнување на значителни заштеди на енергија е усвојувањето на стандарди за енергетски карактеристики на градежни објекти и обележување на нови и реновирани згради. Оваа препорака исто така се содржи и во Првиот и Вториот национален извештај на Република Македонија во однос на Рамковната Конвенција на ОН (UNFCC), изготвени од Министерството за животна средина и просторното планирање.
Уделот на потрошувачката на електрична енергија во градежниот сектор претставува скоро 40% од вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјата. Градежните објекти трошат скоро 70% од електричната енергија и 40% од топлинската енергија, чие комбинирано производство е одговорно за околу 71% од годишните емисии на CO2 во земјата.
Трошоците за енергија претставуваат голем дел од државниот и од општинските буџети. Комплетното или делумното спроведување на мерките за енергетска ефикасност значително ќе ја намали потрошувачката на енергија како и трошоците, а во исто време ќе ги подобри и внатрешните услови во јавните згради.
Со цел да се развијат успешни мерки за енергетска ефикасност во градежни објекти, важно е да постојат адекватни и сигурни податоци за градежниот сектор, кои понатаму ќе се поврзат со специфичните климатски услови во земјата. Покрај ова, се јавува потреба од сеопфатна програма за подигање на јавната свест со цел да се зголеми знаењето кај клучните носители на одлуки и на национално и на локално ниво.
ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ
Овој Проект е еден од трите компоненти на Програмата за енергетска ефикасност, финансирана од Австриската развојна кооперација (ADC). Целта на севкупната програма е да се создаде средина за намалување на климатските промени во земјите преку подобрена енергетска ефикасност во градежниот сектор, зголемување на информираноста и градење на капацитетите на засегнатите страни вклучени во прашањата поврзани со енергетска ефикасност.
Главните цели на овој Проект се да придонесе во процесот на намалување на потрошувачката на енергијата во станбени и јавни згради, во регулирањето на загубите на енергија и емисиите на стакленички гасови, и во зголемувањето на енергетската независност на земјата.
РЕЗУЛТАТИ:
Воспоставен е систем базиран на интернет за енергетски мониторинг за локалните власти. Овој систем овозможува пресметка на емисиите на CO2 како и следење на трошоците за енергија по зграда на локално ниво, додека во исто време и овозможува на институцијата домаќин да изготви статистики за емисиите на CO2 од јавни згради на национално ниво. Ова е одлична алатка за носителите на одлуки и на национално и на локално ниво, што е важно за тековната имплементација на Директивата за енергетски карактеристики на градежни објекти.
Изработени се материјали за обука за техниките за мониторинг и обучени се вкупно 200 претставници на локалните општински тимови за енергетска ефикасност. Исто така, извршена е и студиска посета на Република Чешка од страна на претставници на 12 општини во соработка со Чешкиот Фонд, што им овозможи на учесниците да слушнат за најдобрите практики и научените лекции од нивните чешки колеги.
Лансиран е и првиот портал за енергетска ефикасност, со што се овозможува лесен пристап до информации, вклучително до законодавството, расположивите средства и до алатки лесни за користење со цел следење на јавното мислење за темите поврзани со енергетската ефикасност.
ДОНАТОР: Австриската развојна кооперација (ADC)
ИМПЛЕМЕНТИРАЧКА АГЕНЦИЈА: Програма за развој на Обединетите Нации
ПАРТНЕРИ: Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за економија, Здружение на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС)
ПЕРИОД НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА: Септември 2009 - Октомври 2011
ОДБОР НА ПРОЕКТОТ: Проектната единицата формираше Одбор на Проектот како главно тело кое носи одлуки за проектот. Одборот на Проектот се состои од претставници од главните засегнати страни:
Извршен (Executive):Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, Министерство за животна средина и просторно планирање, претставувајќи го сопственикот над Проектот и претседавач со групата;
Виш добавувач (Senior Supplier): Георг Шоен (УНДП) и Роберт Шарламанов (Австриска развојна кооперација) кои ги претставуваат интересите на страните кои обезбедуваат средства и / или техничка експертиза за Проектот (проектирање, изработка, олеснување, набавки, имплементирање); и
Виш корисник (Senior Beneficiary): Андон Киров (Министерство за економија) и Александар Арсовски (ЗЕЛС – Здружение на единиците на локална самоуправа). Примарната функција на вишиот корисник во Одборот е да се обезбеди остварувањето на резултатите на Проектот од перспектива на корисниците на истиот.

English