Тренинг:
Тренинг на единиците на локалната самоуправа за енергетска ефикасност и за користење на ExCITE софтверот
Датуми: 29 Ноември - 15 Декември 2010
Времетраење: 10-16ч
Локација: ЕРА СИТИ, Скопски саем - Управна зграда
Целна група: По двајца претставници од секоја единица на локалната самоуправа кои беа номинирани од градоначалниците за енергетски менаџер и администратор (распоред за обука по датум).
Цел: Обучување на номинирани претставници од единиците на локалната самоправа во користење на ExCITE софтверот; прикажување во скратена форма на обврските кои ги имаат општините во секторот енергетска ефикасност; начини за реализација на оптимални мерки со кои ќе се намали потрошувачката на енергија; остварување на финансиски заштеди; можности за творање на нови работни места; зголемување на конкурентноста на производите и намалување на загадувањето на животната средина.
Материјали:
Компендиум - Материјали за тренинг-програмa за енергетска ефикасност за единиците на локалната самоуправа
Презентација | Презентација 1| Презентација 2 | Презентација3
ExCITE - Корисничко упатство за локален енергетски менаџер
ExCITE - Корисничко упатство за локален енергетски администратор
ВАЖНО! Сите номинирани лица кои беа поканети на тренингот а не присуствуваа, ќе ги добијат дополнителни информации по пошта во текот на Јануари 2011 година.
__________________________________________________________________________________________
Студиски посети:
Студиска посета во Република Чешка, 6 - 10 Септември 2010
Студиската посета беше организирана за 14 учесници, 12 претставници од единиците на локалната самоуправа и 2 претставници од UNDP. Студиската посета беше организирана со цел да се зголеми знаењето на одговорните лица на локално ниво за законските обврски кои произлегуваат од транспонирањето на Директивата на ЕУ за јавни објекти, како и да пренесат искуства од успешна имплементација на програми за енергетска ефикасност во јавни објекти.
Подготвено е ЦД со видео материјал од оваа студиска посета како и сите докумети/презентации поврзани со неа. Ова ЦД беше дистрибуирано до сите единици на локалната самоуправа кои присуствуваа на тренингот (види погоре), а ќе биде испратено по пошта до оние кои не присуствуваа.

English