Оваа карта е подготвена за потребите на проектот, со цел да им помогне на сите заинтересирани при пресметки поврзани со имплементација на мерки за енергетска ефикасност во згради. Самата карта на корисен и ефикасен начин им овозможува на крајните корисници јасно ги согледаат климатските параметри за секоја локација во земјава.
Во контекст на енергетска ефикасност на згради, климатските зони се региони со слична клима така што заедничко решение за мерки за енергетска ефикасност во згради е возможно и оправдано.
Целата држава е поделена во 4 региони според Степен ден (DD): 2100-2300; 2300-2500; 2500-2700; 2700-2900. Секоја општина спаѓа во одредена климатска зона.
Референтни станици (по една за секоја зона) од Управата за хидрометеоролошки работи се: Скопје, Битола, Берово и Демир Капија. Референтни станици (по една за секоја зона) од Министерството за животна средина и просторно планирање се: Скопје - Гази Баба, Битола, Кавадарци и Кочани.
![]()
Со цел да се зајакнат капацитетите на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), во рамките на проектот се изработи софтвер наречен External Climate and Inventory Tool for Energy Efficiency (ExCITE). Софтверот е интернет апликација која ги содржи климатолошката база на податоци за нашата држава и инвентарот на јавни објекти под надлежност на општините. ExCITE ги поврзува внесувањето на податоци за јавните објекти, уличното осветлување, потрошувачката на енергија и соодветните трошоци од една страна и климатолошките податоци потребни за пресметки поврзани со енергетска ефикасност од друга страна. Софтверот претставува значајна врска меѓу централната влада и ЕЛС, но и алатка за исполнување на обврските кои општините ќе ги имаат според новиот закон за енергетика. Софтверот воедно нуди и стандардизиран формат на изестување за потрошувачката на енергија во јавните згради до владините институции.
Во периодот ноември-декември 2010 енергетските тимови номинирани од самите општини беа обучени за користење на софтверот.
EXCITE софтверот e поставен за употреба на 1 јули 2011. Сите општини добија пристап (корисничко име и лозинка) за користење на софтверот.